Фудбалскиот сојуз на Србија смета дека може да се кандидира за организација на Европското првенство до 21 година кое треба да се одржи во 2027 година.
Потврдено е дека претставниците на фудбалот на нашиот северен сосед поднеле кандидатура која би можела да биде условена од УЕФА со коорганизација со Албанија. Во Србија наводно се подготвени да ја прифатат ваквата препорака од Нион, но со оглед на политичката тенизија меѓу двете земји тоа би можело да донесе осуда од јавноста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин при посетата на Белград изјави дека градот наскоро би можел да добие организација на финале во Лига Европа или Конференциска лига.
Тоа би било можно кога ќе се заврши Националниот стадион во Сурчин кој ќе има капацитет од 52.000 гледачи. Стадионот би требало да биде спремен во 2025 година.