Дома Останати Кошарка Селекторот на Македонија си најде нов клуб – ќе биде тренер во Косово!

Селекторот на Македонија си најде нов клуб – ќе биде тренер во Косово!

Oткако ја заврши соработката со Кожуф, актуелниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски пронајде нов клупски ангажман кој е надвор од границите на нашата земја.

Јончевски во наредниот период ќе го води тимот на Башкими од Косово кој во досегашниот шампионат има учинок од четири победи и осум порази, па се наоѓа во долниот дел на табелата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За Јончевски ова не е прво искуство во Косово бидејќи претходно ја водеше Трепча. Низ кариерата водеше уште неколку македонски клубови и Спартак Суботица од Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Поранешен кошаркар од НБА загина во сообраќајка: Беше голема ѕвезда на колеџ, а потоа стигна во најсилната лига…

Поранешниот НБА кошаркар Џералд Падио загина во сообраќајна несреќа. Оваа вест, која ги по…