Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Селекторот на Данска: Се обидовме да победивме, но беше невозможно да се натера тимот и да игра натпревар

Селекторот на Данска: Се обидовме да победивме, но беше невозможно да се натера тимот и да игра натпревар

Селекторот на Данска, Каспер Хјулменд на прес-конференцијата после мечот со Финска, кажа дека било невозможно да се мотивираат играчите да излезат на теренот и да го дадат максимумот.

Тој кажа дека било многу тешко да ги „натера“ играчите да го дадат максимумот по случувањата со Кристијан Ериксен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не може да се игра натпревар кога си со такви емоции. Се обидовме да победивме, но беше невозможно да се натера тимот и да игра натпревар“, изјави Хјулменд.

Селекторот признава дека УЕФА дала две опции.

„Немавме многу опции, имаше две – или да се одигра следниот ден во 12 напладне, или вечерта. Сите одлучивме да се вратиме на терен вечерта“, кажа данскиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Oфицијално: Милан има нов напаѓач

Фудбалерот на Вест Хем, Никлас Фулкруг, ќе игра на заем до крајот на сезоната во Милан, по…