Maкедонскиот репрезентативец Илија Несторовски се повреди на тренингот на Удинезе и сезоната во Серија А за него е веќе завршена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нестор го повреди коленото и првичните прегледи покажале дека станува збор за повреда на лигаментите. Она што сега е сигурно е дека ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната, а потоа ќе следат детални прегледи.
Во понеделник тој ќе замине за Рим каде што ќе се знае точно тежината на повредата и дали ќе биде со Македонија на ЕП.
Несторовски не настапи за Македонија против Германија како санкција од селекторот за пцовките во натпреварот со Лихтенштајн, меѓутоа сигурно дека Ангеловски го планира за ЕП.