Дома Трансфер зона Сега се е јасно: Барселона донела одлука за Луис Суарез

Сега се е јасно: Барселона донела одлука за Луис Суарез

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез вчера не беше во конкуренција за пријателскиот натпревар помеѓу Барселона и Гимнастик.

Роналд Куман со тој потег уште еднаш даде до знаење дека нема да смета на Суарез, а тој може да си бара нов клуб. Суарез и Барса веќе неколку недели преговараат бидејќи Уругваецот сака раскин на договорот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Суарез најмногу се поврзува со трансфер во Јувентус, но не сака некој за него да плаќа обештетување туку бара раскин на договорот и како слободен играч да го напушти Камп Ноу.

Мундо Депортиво синоќа објави дека челниците на Барселона конечно донеле одлука да ја решат ситуацијата со Суарез.

Наводно, Барселона се согласила на раскин на договорот со Суарез, па Уругваецот без обештетување може да го напушти клубот. Дали ќе ја продолжи кариерата во Јувентус или некој друг клуб ќе дознаеме наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави можност за спас за гигантот: Ова е условот кој треба да го исполнат!

Неодамна силно одекна веста дека Олимпик Лион може да биде испратен во Лига 2 поради долго…