Иднината на Осман Дембеле во Барселона е под голем знак прашалник.
Барселона го победи Интер со 2:0 во Лигата на шампионите, а очекувањата пред натпреварот беа Дембеле да биде човекот кој ќе го замени повредениот Меси, но Валверде на крајот се одлучи за Рафиња и не згреши (постигна погодок).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега во јавноста се откри веројатно и најголемата причина поради која Дембеле не беше стартер.
Валверде закажал состанок на тимот во 19:00 часот, два часа пред натпреварот. Дембеле во соблекувалната се појави во 19:25.
Така од очекувањата за стартер Дембеле целиот натпревар го помина на клупата за резерви.
Во Барселона овој фудбалер пристигна кон крајот на август 2017 година, но немаше среќа бидејќи се мачеше со повредата на бутниот мускул и беше надвор од терените пет месеци.
Каталонците за неговите услуги платија 105 милиони евра и од оваа гледна точка можеме да кажеме дека погрешија.