Дома Фудбал Сега е јасно зошто Барселона се откажа од традицијата за да носи дрес со „коцки“

Сега е јасно зошто Барселона се откажа од традицијата за да носи дрес со „коцки“

Во фудбалскиот свет и понатаму може да се слушне расправа за дизајнот на домашната гарнитура на дресови на Барселона за наредната сезона.

Барселона и „Најк“ пред нешто повеќе од еден месец ги претставија дресовите за наредната сезона, но тој дизајн предизвика дебата кај навивачите на Каталонците. Новите дресови на Барселона место со риги како што е вообичаено ќе бидат со коцки што е отстапување од традицијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа јасно е дека парите за главната причина за таа драстична промена на дизајнот на дресот.

Објавена е листа на клубови кои најмногу заработуваат од спонзорските договори, а на првото место се најде токму Барселона и нивната соработка со „Најк“.

Барселона со оваа компанија потпиша договор до летото 2028 година и за тој период клубот ќе заработи 155 милиони евра.

Зад нив е Реал Мадрид кој од „Адидас“ ќе заработи 120 милиони евра, додека трет е Манчестер Јунајтед кој исто така соработува со „Адидас“.

Во топ 10 се уште: ПСЖ и „Најк“ (80 милиони евра), Манчестер Сити и „Пума“ (75 милиони евра), Арсенал и „Адидас“ (70 милиони евра), Челзи и „Најк“ (68 милиони евра), Ливерпул и „Њу Баланс“ (63 милиони евра), Баерн и „Адидас“ (61.6 милион евра) и Јувентус и „Адидас“ (51 милион евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…