Едуардо Берицо, кој по завршувањето на сезоната во Ла Лига ја напушти Селта, ќе биде новиот тренер на Севиља, односно ќе го наследи сонародникот Хорхе Сампаоли, кој стана селектор на Аргентина.
„Клубот и Берицо постигнаа договор. Тој ќе биде тренер на Севиља во наредните две години“, објави клубот од Андалузија.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Берицо со Селта играше полуфинале во Лига Европа, а во кариерата беше тренер на аргентинскиот клуб Естудијантес Ла Плата и чилеанскиот О’Хигинс.