Дома Фудбал Себаљос: Во Реал не се насладував на фудбалот!

Себаљос: Во Реал не се насладував на фудбалот!

Плејмејкерот на Арсенал, Дани Себаљос тврди дека се чувствува среќен на „Емирати“ каде пристигна ова лето.

Себаљос не можеше да се избори за минутажа во Реал Мадрид, па после одличното ЕП за млади, реши да се пресели во Арсенал на едногодишна позајмица.

„Се чувствувам одлично во Арсенал. Бев сигурен дека сакам да си заминам од Реал. Сега сум таму каде што сакам да бидам и сум среќен. Во Реал ниту играв, ниту можем да му се насладувам на фудбалот“, изјави Шпанецот, кој доби повик во националниот тим.

„Во оваа репрезентација нема незаменливи. Многу сум задоволен од довербата која ја добив од селекторот. Сакам да бидеме се подобри и подобри пред почетокот на Европското првенство“, изјави Себаљос.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона следната сезона ќе игра во црни дресови (фото)

Специјализираниот сајт за фудбалски дресови „Footy Headlines“ тврди дека Барселона следнат…