Себастијан Фетел после шест години го напушта Ферари.
Четирикратниот шампион во Формула 1 од наредната година ќе седне во болидот на Астон Мартин, а потврда за соработката пристигна денеска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Задоволство ми е да ја објавам веста за новото поглавје во кариерата. Горд сум што можам да кажам дека сум возач на Астон Мартин од 2021. година. Тоа е нова авантура за мене и легендарната компанија. Импресиониран сум од резултатите кои тимот ги покажува и верувам дека ќе има светла иднина.“ – изјави Фетел.
Астон Мартин во Формула 1 ќе влезе на местото на Рејсинг поинт. Фетел ќе го замени Серхио Перез во екипата, а втор возач ќе биде Строл.
CONFIRMED: Four-time @F1 World Champion Sebastian Vettel signs up for 2021 and beyond ?️
— BWT Racing Point F1 Team (@RacingPointF1) September 10, 2020
Get the full story right here ⬇️https://t.co/zI8JeBEemc #F1