Дома Останати Светскиот вицешампион во снукер изгуби од аматер па се жалеше: Не знам зошто играме со аматери

Светскиот вицешампион во снукер изгуби од аматер па се жалеше: Не знам зошто играме со аматери

Реткост е еден аматер да успее да дојде до победа против некои професионалци во било кој спорт, а една таква приказна имаме во снукерот.

Светскиот вицешампион во снукер, Шон Марфи испанда од првото коло на шампионатот на Обидинетото Кралство. Марфи беше поразен од кинескиот 19-годишен аматер Си Џиахуи.

Додека светот го слави успехот на ова момче, поразениот вицешампион ги критикуваше организаторите. Марфи смета дека изгубил од некој кој не требало ниту да биде на турнирот.

„Можеби ќе звучам како некој старец, но тој не ни требаше да биде тука. Ова не е фер, не е исправно. Изгубив од некој кој не ни требаше да буде тука. Не знам зошто снукерот стана спорт кој им дозволува на аматерите да бидат дел од професионален турнир. Јас играме професионално и живеам од ова и налетав на некој кој игра без притисок. Во светот на снукерот тој е човек без грижи и притисокот не е ист“, изјави Марфи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Милан се договори со Икарди

Милан е во потрага по квалитетен напаѓач, а најголема желба на „росонерите“ на Мауро Икард…