Како што и се најавуваше, тоа и се оствари, пуштени се рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Оваа убава вест на својата фејсбук страница ја сподели фудбалскиот клуб Пелистер кој патем следната сезона се враќа во Првата македонска фудбалска лига.
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Со пуштањето на рефлекторите се очекува и на овој стадион во иднина да се играат вечерни натпревари на клупски, но и на репрезентативен план.
Како што беше и објавено пред два месеци, инвеститор на фазата за поставување на рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“ е Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).