Англија со една победа и две нерешени ја заврши групната фаза, па иако се пласира во осминафиналето, сепак не остави добар впечаток.
Критиките на адреса на селекторот Герет Саутгејт се големи, но тој не е многу загрижен и вели дека важнно е во следните натпревари да играат добро.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ги разбирам вашите критики 100 проценти. Тоа е мојата работа. Се обидов да ги мотивирам играчите, покажувајќи им фотографии од Италијанците како слават, а потоа и од Унгарците кои се трети и не знаат дали ќе продолжат понатаму. Играчите ја разбраа мојата порака“, изјави Саутгејт.
„Добро играме со топка, создаваме акции, напорно работиме, но ни недостасува завршницата. Сепак, имавме многу добри работи на кои може да се базира и да ја градиме играта. Имавме многу проблеми пред ЕП, сега следуваат главните натпревари“, додаде селекторот.