Дома Фудбал Саудијците покренаа истрага против Роналдо, го обвинуваат за неморал

Саудијците покренаа истрага против Роналдо, го обвинуваат за неморал

Саудиската лига покрена истрага против Кристијано Роналдо.

Ал Наср славеше на гостувањето кај Ал Шабаб со 3:2 во рамките на 21. коло од саудиската лига.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По завршувањето на натпреварот настана големо славје на гостите, а домашните навивачи го испровоцираа Роналдо извикувајќи го името на неговиот најголем ривал Лионел Меси.

Португалецот тоа го налути, се сврте кон трибината и им одговори на навивачите прво фаќајќи се за уво, сугерирајќи дека „не ги слуша добро“, а потоа се фати за меѓуножјето.

Поради ваквото однесување Саудијците денеска објавија дека покренале истрага против Роналдо. Тој беше обвинет за „неморал“. Дисциплинската комисија треба да донесе одлука во следните два дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал постигна договор со Сака за нов договор

Букајо Сака потпиша нов петгодишен договор со Арсенал, известува „Би-Би-Си“. Според медиум…