Дома Фудбал Италија Сари со коментар за последниот кикс на Де Лихт (ВИДЕО)

Сари со коментар за последниот кикс на Де Лихт (ВИДЕО)

Јувентус вчера ја победи Болоња со 2:1, а судиското продолжение од овој натпревар донесе големи возбудувања.

Освен интервенцијата на Буфон според многумина тука беше и недосудениот пенал Болоња во финишот од натпреварот. Матијас Де Лихт ја играше со рака во шесанесетникот, меѓутоа главниот судија Масимилијано Ирати се одлучи да не гледа ВАР, а ако гледаше веројатно ќе покажеше на белата точка.

После натпреварот Сари даде свој коментар на оваа ситуација.

„Де Лихт мора да престане да се критикува себеси. Засега се справува добро со оглед на тоа дека станува збор за момче кој има само 19 години и само што пристигна во Италија. Мора да престане да мисли дека се мачи на теренот“, изјави Сари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ибрахимовиќ ги налути навивачите на Милан: За кого ти играш? (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ се врати во Шведска и повторно го налути раководството на Милан. Ибрахи…