Дома Трансфер зона Сари избрал четири играчи, но во јануари ќе може да донесе само еден од нив

Сари избрал четири играчи, но во јануари ќе може да донесе само еден од нив

Познато е дека Јувентус бара лев бек.

Повредите на Де Шиљо и Днило му направија проблем на Сари, го има само Алекс Сандро, кој отсуствуваше во натпреварот против СПАЛ, па Матуиди мораше да игра на позицијата лев бек. Без оглед на тоа што Данило и Де Шиљо ќе се опорават, тие се десни бекови кои по потреба можат да играат и лево, меѓутоа Сари смета дека треба да најде вистинска замена.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На листата на Партичи има четири имиња, првото е Палмиери кој Сари го промовираше во Челзи, но „Сините“ тешко дека ќе го продадат Бразилецот. Второто име е враќање на младиот Пелегрини, кој беше купен од Рома, но и вратен на позајмица во Каљари. Се споменува и Дармијан кој се врати во Парма, на списокот уште е и Карлос Аугуст од Коринтијанс, младата бразилска ѕвезда која со стилот на игра потсетува на Сандро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…