Дома Фудбал Италија Санчез: Во Интер сум за да освојуваме титули, имаме се што е потребно

Санчез: Во Интер сум за да освојуваме титули, имаме се што е потребно

Новиот фудбалер на Интер, Алексис Санчез најави дека може да ја пронајде својата најдобра форма во редовите на „нероаѕурите“.

Чилеанецот во претходните година помината во Манчестер Јунајтед имаше големи проблеми и постигна само три гола во Премиер лигата. Сега се врати во Серија А каде што играше за Удинезе.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сега Санчез порача дека Интер  може да се бори за трофеи.

„Ја имам истата глад како и кога бев дете, сакам да се борам за сите трофеи. Среќен сум што се вратив во италијанскиот фудбал, но ќе видиме. Сакам да го правам она што е најдобро за мене. Дојдов во Интер за да освојуваме титули. Тимот е без титулата осум години, но оваа сезона има се што е потребно“, изјави Санчез во интервју за „Скај“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …