Англиските медиуми пренесуваат дека пренесуваат дека Самуел Ето е голема желба на Хал и дека можно е Камерунецот да се врати во Премиер лигата оваа зима.
Хал грчевито се бори за опстанок, а дена информацијата е точна потврди и нивниот менаџер, Мајк Вилан.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
„Не знам дали официјално трансферот ќе се реализира, но тоа би било одлично доколку Самуел Ето дојде во Хал. Сепак, ние мораме да ја подобриме играта во сите сегменти, а Ето сигурно многу би ни помогнал“, изјави менаџерот на Хал.
Самуел Ето е роден истата година како и Златан Ибрахимовиќ но веќе подолго време не игра на врвно ниво, особено ја нема формата која го красеше во Барселона и Интер.
Потсетуваме, Ето дојде во Челзи како големо засилување во сезоната 2013/14 и за „сините“ постигна 12 гола на 35 натпревари, а во Премиер лигата играше уште и за Евертон.