Дома Фудбал Италија Сампдорија без победа осум кола, клубот донесе одлука за Пирло

Сампдорија без победа осум кола, клубот донесе одлука за Пирло

Tимот на Самдорија има само една победа сезонава во Серија Б, се наоѓа на 19. позиција на табелата, но Андреа Пирло нема да добие отказ.

Поранешниот италијански фудбалер, а сега тренер ќе остане на клупата на сегашниот второлигаш, потврди косопственикот на Сампдорија, Матео Манфреди, а пренесува „Газета дело Спорт“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Поминаа девет кола, Сампдорија има пет порази, три нерешени и една победа, но Манфреди не е особено загрижен.

„Андреа ќе остане наш тренер. Тој ќе го доведе клубот на највисоко ниво, бидејќи е одличен тренер“, изјави косопственикот на Сампдорија.

Пирло во кариерата ги водеше и Јувентус и Карагумрук, а на клупата на Сампдорија го наследи српскиот стручњак Дејан Станковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал ја сака ѕвездата на Ливерпул: Разговорите се забрзани, премиерлигашот е подготвен да попушти!?

Реал Мадрид ова лето веќе донесе една ѕвезда од Ливерпул и сега сака уште една. Разговорит…