Дома Фудбал Англија Само 31 ден траеше авантурата на Пол Сколс на клупата на Олдам

Само 31 ден траеше авантурата на Пол Сколс на клупата на Олдам

Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс неодамна се впушти во тренерските води и беше назначен за менаџер на Олдам.

Меѓутоа, тренерската авантура на Сколс траеше кратко и тој го напушти клубот после само 31 ден и седум одиграни натпревари.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сколс ја презеде функцијата на 11 февруари и на седум натпревари оствари само една победа, па си поднесе оставка по 31 ден со образложение дека му се мешале во работата.

„Со големо жалење одлучив да го напушта клубот. Се надевав, дека ќе го одработам во целост договорот од 18 месеци. Фановите, играчите, моите пријатели и моето семејство знаат колку бев горд и возбуден кога ја прифатив работата. Но веднаш откако почнав со работа, стана јасно дека нема да можам да ги извршувам должностите како што сакам и како што ми беше ветено пред да ја прифатам работата. Им посакувам на фановите, на играчите и персоналот, кои беа извонредни, се најдобро во продолжението од сезоната. Ќе продолжам да ве гледам и да го поддржувам клубот како навивач“, се вели во соопштението на Сколс.

Кога пристигна во Олдам, клубот беше на 14 место во табелата во Лига 2, а истата позиција ја зазема и во моментов.

Интересно ќе биде каков коментар на ова ќе даде Жозе Мурињо, бидејќи познато е дека двајцата не се во добри односи. Солс како стручен ТВ-коментатор постојано го критикуваше „Специјалниот“, па веруваме дека сега нема да ја пропушти прилуката да врати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…