Кога на дебито во кинеското првенство за Шангај заби гол покрај двете асистенции, Кинезите веруваа дека Карлос Тевез ќе ја покори целата лига.
Од тој меч мина половина година, а славниот Аргентинец до денес постигна само уште еден погодок. Од еуфоријата која го зафати Шангај по неговото доаѓање, остана горчина. Кинезите се чувствуваат излажани, а Тевез се почесто зема одмор и ги прескокнува натпреварите.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Пред еден месец своеволно замина на закрепнување од повредата на листот, а кога се врати во поразот од Хенан Јианје го дочекаа исвикувања од бесните навивачи.
Еден од најплатените фудбалери во историјата кој неделно заработува 650.000 евра, е на удар на навивачите. Разочарани се од неговата игра, а особено од заложувањето на теренот. Сметаат дека клубот треба да се ослободи од него, а таа опција му се допаѓа и на 33-годишниот Аргентинец кој се уште не се навикнал на Кина.