Дома Топ вести Само уште „три чисти“ мрежи го делат Димитриевски од клупски рекорд!

Само уште „три чисти“ мрежи го делат Димитриевски од клупски рекорд!


Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓



Македонскиот голман Столе Димитриевски брани во фантастична форма на голот на Рајо Ваљекано, а со неговите добри настапи на голот и Рајо бележи добри резултати, па се бори дури и за излез во Лигата на шампионите.

Каква е формата на Димитриевски доволно зборува што само Тер Штеген е пред него кога во прашање се „чистите мрежи“ оваа сезона во Ла Лига (ТУКА). Зад Димитриевски се голмани како Тибо Куртао, Унаи Симон, Јан Облак…

Сега Димитриевски е многу блиску и до клупски рекорд на Рајо. Имено, ако македонскиот голман не прими гол на три средби во преостанатите 18 натпревари ќе ги надмине клупските рекордери. Пред него со девет е Рубен Мартинез од сезоната 2013/2014, додека на врвот е Контрерас од сезоната 1996/1997.

Димитриевски својата мрежа досега во првенството ја сочува. Двапати против Барселона, Еспањол, Гетафе, Севиља, Селта Виго, Ваљадолид, Виљареал и Алмерија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Незадоволството веќе не се крие: Само Меси не ги поздрави навивачите на ПСЖ 🎥

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓ Во француската Лига 1 тимот …