Владата на Шпанија најави донесување на нов закон за спорт кој овозможува основање на Суперлигата и учество на големи шпански екипи во тоа натпреварување без исклучување од Ла Лига. Поради ова пред неколку дена беше најавен и бојкот.
Подготвени за бојкот како што соопшти Тебас се 39 од 42 клуба од првата и втората шпанска лига. Единствените три екипи кои не застануваат на страната на бојкотот се Реал Мадрид, Барселона и Атлетик Билбао.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Законот најверојатно ќе биде донесен утре. Клубовите го чекаат тоа и како чин на спротивставување на одлуката за фаворизирање на одредени клубови ќе бојкотираат.
Хавиер Тебас најави дека вонредното собрание на Ла Лига ќе се одржи на 27 октомври. Засега е извесно дека кога законот ќе се донесе, одлуката на собранието ќе биде бојкотот.
Реал и Барселона се основачи на европската Суперлига. Во игра со нив се уште е италијанскиот гигант Јувентус кој жестоко се бори за формирање на Суперлигата во која би играле најдобрите клубови во Европа.
Поради формирањето на ова натпреварување и одлуката на клубовите од останатите пет лиги да учествуваат во Супер лигата, минатата година избија големи протести меѓу навивачите ширум Европа. Во Англија имаше огромни протести, потоа еден тим по друг се повлекуваше од Суперлигата, а на крајот останаа само Реал, Барселона и Јувентус.