Дома Фудбал Англија Само моменти се во прашање: Санчез на чекор од новиот клуб

Само моменти се во прашање: Санчез на чекор од новиот клуб

Алексис Санчез го тресе Островот изминатиов период, одлучи да го напушти Арсенал, а вчера го немаше ниту во составот на Арсенал за дуелот со Борнамут.

Стана јасно дека некогашниот играч на Удинезе и Барселона го одигра своето на „Емирати“ и ги разгледува понудите кои му се на маса.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Сити одамна е заинтересиран за неговите услуги, летово беа на прагот на договор со „Топчиите“, се чекаше само Арсенал да ангажира негова замена, но кога на Арсенал му пропадна трансферот на Томас Лемар, Санчез сепак остана на северот од Лондон.

Во трката за неговиот потпис изненадувачки се вклучи и Манчестер Јунајтед, кој со брзина на светлината стана главен кандидат за неговиот потпис.

Сега е потполно јасно, прашање е само на време кога Санчез ќе биде претставен како ново засилување на тимот од „Олд Трафорд“, откако Сити и официјално се повлече од трката.

Како што пренесува „Скај Спорт“, Пеп Гвардиола и сопственикот на клубот, се сложија дека сумата која ја бара Арсенал, откако Јунајтед се вклучи во трката, е преголема, како играч кој има договор со Арсенал само до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…