Дома Фудбал Италија Само еден играч трчал побрзо од Роналдо во Серија А

Само еден играч трчал побрзо од Роналдо во Серија А

0

Кристиано Роналдо во февруари ќе наполни 34 години, но и покрај тоа Пoртугалецот успева да се одржи во своршена физичка форма.

За неговата физичка подготвеност добивме доказ во натпреварот против Наполи во второто коло кога забележа спринт од 34.62 km/h.

Во овие две кола Роналдо бил најбрз напаѓач во италијанскиот шампионат. Освен тоа тој е и втор во Серија А кога ќе се погледнат сите позиции. Единствено побрз од Роналдо е стоперот на Наполи Костас Манолас. Грчкиот фудбалер забележал спринт од 35.41km/h.

Кај напаѓачите зад Роналдо следи Симоне Заза од Торино со брзина од 34.56km/h, па Џанлука Масини од Рома 34.46km/h…

Импресивен податок посебно кога ќе се земат во предвид годините на Роналдо.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

За прв пат оваа сезона: Јувентус утре без Роналдо

Проблем за Јувентус, но и разочарување за навивачите на Бреша. За прв оваа сезона Јувентус…