Дома Фудбал Англија Салах: Останувам во Ливерпул и следната сезона

Салах: Останувам во Ливерпул и следната сезона

Мохамед Салах ги отстрани сите дилеми за тоа каде ќе игра следната сезона и ги израдува навивачите на Ливерпул.

Иднината на Салах е главна тема на „Енфилд“ веќе подолго време бидејќи влезе во последната година од договорот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Преговорите за договорот се одолговлекуваат веќе неколку месеци, но Салах изјави дека сигурно ќе остане во Ливерпул и следната сезона.

„Воопшто не сакам да бидам себичен, дури и го кажав тоа пред околу два месеци. Сега се работи за тимот, ова е навистина важна недела за нас и јас сум фокусиран само на тимот. Ова е многу важна недела за нас и сакам да ја освојам Лигата на шампионите повторно“.

„Јас сум само фокусиран на тимот, не сакам да зборувам за договорот сега бидејќи имаме долго време. Сигурно останувам следната сезона, тоа е јасно. Останувам следната сезона, па да видиме потоа“, рече Салах.

Сепак, Египќанецот не се изјасни дали ќе го продолжи договорот или следното лето ќе замине без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Косово во исчекување на историска ноќ: Фудбалерот што ќе го постигне победничкиот гол ќе добие награда за помнење

Косово во вторник игра најголем натпревар во својата историја. Во Приштина пристига Турциј…