Дома Топ вести Салах го напушта Ливерпул, познат фаворитот за неговиот потпис

Салах го напушта Ливерпул, познат фаворитот за неговиот потпис


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Изгледа дека ерата на Ливерпул ќе заврши на крајот на сезоната кога е во прашање фантастичниот напад, кој ги одбележа изминатите неколку сезони.

Минатото лето замина Мане, Фирмињо нема да го продолжи договорот, а медиумите тврдат дека и Салах на лето ќе биде ставен на продажба.

Ливерпул игра лоша сезона и големи се шансите на крајот да остане без пласман во Топ 4 и играње во Лигата на шампиони.

Поради тоа се спремаат големи промени на „Енфилд“ на лето, а „црвените“ се спремни да слушнат понуди за Салах.

Египќанецот оваа сезона има 22 гола и 11 асистенции, но и тој сака да ја промени средината.

Ливерпул верува дека сега е вистинско време за продажба на 30-годишниот крилен напаѓач, а фаворит за неговиот потпис е Пари Сент Жермен.

ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар, иднината на Меси е неизвесна, па затоа веќе стапиле во контакт со агентот на Салах и работат на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Aрсенал плаќа 30 милиони евра за фудбалер на Реал?

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ Арсенал нап…