Дома Фудбал Останато Сакале да го понижат ривалот: На фудбалерите на Звезда им биле ветени посебни премии

Сакале да го понижат ривалот: На фудбалерите на Звезда им биле ветени посебни премии

Eкипата на Црвена Звезда вчера славеше убедлива победа од 0:4 во дербито со Партизан и тоа е најубедливата победа на црвено-белите како гостин во натпреварите со најголемиот ривал.

Партизан се соочува со проблеми и Звезда ја имаше фаворитската улога и пред почетокот на дербито, а во клубот сакале што е можно поубедливо да го победат ривалот.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Доказ за тоа е изјавата на генералниот директор, Звездан Терзиќ кој откри дека на играчите им бил ветен посебен бонус за секој гол разлика со кој ќе победат.

„Ја оставаривме најголемата победа во 80-годишната историјата на дербијата на гостински терен. Ова го чекавме долго и овој резултат ја отсликува разликата во класа помеѓу двата тима. Сите честитки до момците и стручниот штаб. Пред натпреварот разговарав со фудбалерите и им кажав дека ќе имаат бонус премија за секој гол разлика посебно. Сакавме да славиме убедливо затоа што знаев дека можеме“, изјави Терзиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Брујне нема да игра на Светското клупско првенство

Белгискиот играч од средниот ред, Кевин де Брујне, изјави дека сака да го пропушти претсто…