Дома Фудбал Сагата заврши: Роналдо ги плати парите за кои го гонат властите!

Сагата заврши: Роналдо ги плати парите за кои го гонат властите!

Кристиано Роналдо иако се држи до своите ставови дека е невин, сепак одлучи да ги плати бараните 14 милиони евра на шпанските власти за да избегне понатамошни реперкусии.

Како што пренесува „АС“, тука не е крајот, но со ова Роналдо ќе може да ја избегне затворската казна и ќе содаде услови за спогодба.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што пренесоа неговите адвокати, тоа не значи дека ќе ја признае вината, туку само дека покажува добра воља за соработка.

Имено, Роналдо и понатаму одбива да се изјави како виновен, сослушувањето ќе биде на крајот на јули, па доколку и тогаш остане при овој став, казната нема да му биде намалена.

Но, таа би можела да биде парична, плус условна затворска казна!

Со тоа би била ставена точка на селата сага, но Роналдо и понатаму не признава дека направил кривично дело затајување на данок во висина од 14 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Дамфрис во Интер до 2028 година!

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…