Дома Останати Тенис Сабаленка на УС Опен удира посилно од Ѓоковиќ и Алкараз

Сабаленка на УС Опен удира посилно од Ѓоковиќ и Алкараз

Вечерва Американката Џесика Пегула и Белорусинката Арина Сабаленка (26) ќе играат во финалето на УС Опен.

Во полуфиналните натпревари победа остварија шестата носителка Пегула против Чехинката Каролина Мучова, а во мечот претходно втората тенисерка во светот, Белорусинката Сабаленка ја совлада младата американска сензација Ема Наваро.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


За триесетгодишната Пегула ова е прво Грен слем финале во кариерата, а Сабаленка по четврти пат се пласираше во финалето на Грен слем. Таа досега двапати го освои Австралија Опен. Ова е втор пат по ред да се најде во финалето на УС Опен каде лани загуби од локалната тенисерка Коко Гауф.

Сабаленка на патот до финалето го забележа најбрзиот форхенд на турнирот во женска и машка конкуренција. Нејзиниот форхенд патувал со просечна брзина од 129 км на час. Ова ја става пред Карлос Алкараз (127 km/h), Јаник Синер (126 km/h) и Новак Ѓоковиќ (122 km/h).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ со емотивна порака за Надал: За тебе ќе се учи со децении

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со емотивна порака се огласи по повод прензионирањето на Р…