Дома Македонски спорт Мак ракомет РФМ ја исплати премијата од 700.000 денари за кадетките, наградени и Ѓорги Начевски и Славе Николов

РФМ ја исплати премијата од 700.000 денари за кадетките, наградени и Ѓорги Начевски и Славе Николов

Денес Ракометната федерација на Македонија ја исплати ветената премија за кадетките за првото место на турнирот во Литванија и обезбедувањето пласман во следните натпреварувања.

„По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати паричната награда во вкупна вредност од 700.000 денари за женската кадетска ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб за освојување на прво место на EHF Championship W17 Lithuania 2021, како и за обезбедување пласман на W17 EHF EURO 2023, W19 EHF EURO 2023  и обезбедено учество на WU18 WCH 2022 во Грузија“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Исто така се донесе и одлука за награда од 1000 евра за најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов за судењето на ОИ во Токио каде што делеа правда во финалето.

“Дополнително, согласно донесена одлука на Управниот Одбор, Ракометна Федерација на Македонија  ја исплати и паричната награда на EHF и IHF судискиот пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов во износ од 1000 Евра поединечно за учество на финалната арбитража на Олимпискиот Турнир во Токио“, соопштија од РФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…