Дома Фудбал Италија Русин и Украинец се сретнаа на тренинг, нивниот потег ги изненади соиграчите

Русин и Украинец се сретнаа на тренинг, нивниот потег ги изненади соиграчите

Руската воена инвазија врз Украина сигурно остава голема трага и во спортот.

Сигурно најтешко им е на украинските спортисти кои стравуваат за своите најблиски, додека на руските спортисти им прети максимална изолација.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Постојат примери каде руски и украински спортисти ја делат соблекувалната, како во Аталанта, каде се Украинецот Руслан Малиновски и Русинот Алексеј Миранчук.

Она што двајцата фудбалери го направиле на тренингот на првиот ден од конфликтот ги изненадило соиграчите.

„Во нашата соблекувална Русија и Украина ги претставуваат Руслан и Алексеј. Кога започна конфликтот меѓу нивните земји тие само се прегрнаа на тренинг. Тоа е фудбалот. Фудбалот обединува се што човечката лудост се обидува да го раздвои“, изјави нивниот соиграч Месина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

От Реал подготвиле 100 милиони фунти за носителот на „Златната топка“

Раководството на Реал Мадрид размислува да испрати понуда вредна 100 милиони фунти со цел …