Дома Фудбал Англија Руни призна дека во 2006 година намерно го повредил Џон Тери

Руни призна дека во 2006 година намерно го повредил Џон Тери

Фудбалскиот сојуз на Англија побара објаснување од Вејн Руни кој откри дека во април 2006 година играјќи за Манчестер Јунајтед против Челзи, сакал и успеал да повреди противнички играч.

Руни во интервју за британските меидуми изјави дека на натпреварот на „Стенфорд Бриџ“ во 2006 година ги променил крампоните и ставил „долги и ментални“ затоа што имал намера да „повреди некого“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Знаевме дека ако Челзи победи тој ден ќе ја освои титулата. За тој натпревар земав долги, метални крампони со максимална должина која можеше. Сакав да се обидам да повредам некого. Знаев дека ќе го добијат тој натпревар. Можеше да се види дека се подобри, па ги променив крампоните. Тие беа дозволени, но знаев дека сакам на вистински начин да „влезам на некој“ и тоа го направив“, призна Руни. Челзи победи со 3:0 во тој натпревар и подоцна ја освои шампионската титула.

„Џон Тери на патерици го напушти стадионот. Направив дупка во неговото стапало, а потоа му подарив дрес со мој потпис. После неколку недели побарав да ми го врати крампонот“.

Џон Тери преку социјалните мрежи одговори на оваа изјава на Руни. Тери со неколку емонтикони кои се смеат напиша: Вејн Руни, дали тоа беше кога остави крампон во моето стапало?“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…