Дома Фудбал Англија Руни го оправдува своето место во Евертон и пишува историја (Видео)

Руни го оправдува своето место во Евертон и пишува историја (Видео)

Вејн Руни постигна погодок против Манчестер Сити за водство на Евертон од 1:0 и тоа е неговиот историски 200. погодок во ПЛ.

Руни се најде на вистинското место, почека повратна топка и со мала среќа го совлада Едерсон, кој можеше подобро да реагира, со оглед на тоа дека топката од неговата нога се одби од стативата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За Руни ова е 12. погодокот против Манчестер Сити, па не е ниту чудо што на „Итхад“ сите посакуваа само да не погоди тој.

Инаку Руни во ПЛ постигна 183. погодоци во дресот на Манчестер Јунајтед и 17. како играч на Евертон, а нема сомнеж дека овој е еден од неговите подраги погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тетоважа што ќе го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен (Видео)

За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен. П…