Полскиот напаѓач сака да го напушти Баерн, но…
Роберто Левандовски го промени менаџерот во текот на сезоната со цел да го напушти германскиот клуб и да се проба во нова лига. Бројни европски гиганти чекаат во редот за неговиот потпис, а кога ќе се земе во предвид и сумата која ја нудеа сега е јасно зошто се уште не го напуштил Баерн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После Нико Ковач кој тврдеше дека Левандовски останува во клубот, сега со слична изјава се појави и Карл Хајнц Румениге.
„Нашата врата останува затворена, квалитетот кој Баерн го поседува ќе остане тука. Со Роберт сакаме да испратиме порака дека нас не може да не споредуваат со другите клубови кои попуштаат кога ќе добијат понуда од 100 или 150 милиони евра“, јасен беше Румениге.
Левандовски во Баерн пристигна во 2014 година и од тој момент одигр 195 натпревари постигна 151 погодок за германскиот гигант.