Дома Фудбал Англија Рој Кин: Ова е само почеток, на навивачите на Јунајтед сега им е навистина доста!

Рој Кин: Ова е само почеток, на навивачите на Јунајтед сега им е навистина доста!

Навивачите на Манчестер Јунајтед вчера со жестоки протести бараа семејството Глејзер да го напушти клубот.

Вчера требаше да се игра дербито со Ливерпул, но навивачите влегоа на теренот, па дербито од безбедносни причини беше одложено.

На страна на навивачите застана поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин.

„Го направија тоа затоа што го сакаат клбуот и тоа не е поврзано со ситуацијата околу Европската Суперлигата за која се зборуваше во претходниот период. Мислам дека тоа незадоволство и фрустрации кај навивачите се собираше со години и сега им е навистина доста“.

Кин се надева дека работите можат да се променат после ваквата реакција на навивачите.

„Се надевам дека сопствениците на Манчестер Јунајтед ќе си кажат себе си. Овие навивачи се навистина крајнои сериозни, ќе биде само полошо. Ви гарантирам дека ова е само почеток. Што ќе биде на следниот натпревар дома? Пак исто?“, заклучи Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сити се уште во трката за потписот на Меси, познати деталите!

Можноста Манчестер Сити да го привлече Лионел Меси се уште е актуелна, пренесуваат медиуми…