Дома Фудбал Останато Ројс бил на чекор од Баерн, двајца играчи го спречиле неговото доаѓање

Ројс бил на чекор од Баерн, двајца играчи го спречиле неговото доаѓање

Марко Ројс со години е еден од најдобрите германски фудбалери.

Иако често се поврзува со други клубови, Ројс од 2012. година е член на Борусија Дормтунд, а претходно уште играше за Менхенгладбах и Ален. Многу лесно можело да се случи Ројс да не заигра за Борусија од Дортмунд. Баерн Минхен 2012. година ги договорил сите услови околу трансферот на Ројс, тој бил желба на тренерот Јуп Хајнкес, но до трансфер не дојде.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Причината тогаш биле двајца тогашни фудбалери на баварскиот гигант. Филип Лам и Бастијан Швајнштајгер сметале дека Ројс нема победнички менталитет и биле против неговото доаѓање. На крајот, Баерн се откажал од трансферот. Борусија тоа го искористи и го доведе Ројс во своите редови и тој е член на овој тим веќе седум години. 29-годишниот Ројс одигра доста врвни натпревари, а настапи 235 пати и постигна 115 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ова е моментот кога Црвена звезда можеше да го нокаутира Порто (Видео)

Црвена звезда доживеа тежок пораз во четвртокот вечер од Порто, бидејќи до 89-та минута им…