Maнчестер Јунајтед вчера на „Олд Трафорд“ запиша победа против Лестер од 2:1 на отварањето на новата сезона во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ пред своите навивачи успеаа да ги освојат првите бодови во новата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маркус Рохо успеа да го привлече вниманието на јавноста иако вчера не настапи. Аргентинецот одлучи во новата сезона да го носи дресот со број 16, па сега „петката“ остана без сопственик.
Веднаш потоа се огласи легендарниот Рио Фердинанд кој со години го носеше овој број во Јунајтед. Тој порача дека е спремен за враќа и дека само го чека повикот на Мурињо за да се врати од пензија.
Секако, се работеше за шега од страна на легендарниот дефанзивец.
Just seen my old @ManUtd no.5 shirt is back up for grabs…. inspired…time to get back training! Jose???!!! ☎️?? #MUFC pic.twitter.com/Rrq7Vg1Qix
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) August 10, 2018