Дома Фудбал Италија „Росонерите“ не се шегуваат: Последно предупредување за Донарума!

„Росонерите“ не се шегуваат: Последно предупредување за Донарума!

Вистинска драма се создаде околу продолжувањето на договорот на младиот голман на Милан, Донарума.

Милан повеќе нема трпение. Донарума има договор со Милан до 2018 година, а Раиола кој е негов менаџер успеа да издејствува Донарума да добива 4.5 милиони евра годишно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, Раиола не се задоволи со тоа, од управата на „Росонерите“ бара во договорот да има клазула.

Имено, тој сака да го обезбеди својот клиент во случај Милан да не обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Тоа на клубот воопшто не му се допаѓа, однесувањето на Раиола исклучително ги иритира луѓето во Милано, па младиот голман веројатно ќе мора да бира, или Милан, или Раиола.

Ќе видиме како работите ќе се развиваат, голем број европски клубови го следат развојот на ситуацијата. Донарума нема потреба да се грижи за својата кариера останува да се види дали ќе остане лојален на клубот за кој навива од мали нозе.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најави ли Наполи дека Елмас ќе биде вечерва стартер во дербито од ЛШ? (Фото)

Вечерва во Лигата на шампионите својот натпревар ќе го игра и Наполи кој ќе се соочи со Ма…