Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.
Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ ја водеше Индијана до победа над Клиперси со 116:92. Богдановиќ уфрли 29 поени и запиша седум скокови со шут од игра 12/19.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Го следеа Мајл Тарнер со 17, додека Тадеус Јанг и Дарен Колинсон со по 14 поени. Кај Клиперси најефикасен беше Мотрези Харел со 19 поени.
Орландо ја сруши Минесота на свој терен 122:112. Наејфикасен на оваа средба беше Терен Рос со 32 скокови и пет скокови. Арон Гордон уфрли 19, а Иван Фурни 18 поени. Кај Минестоа Ентони Таунс постигна 27 поени и запиша 11 скокови.
Во големото дерби во НБА лигата помеѓу Лејкерси и Селтикси во Бостон видена беше трилер завршница. Бостон водеше со 128:17, а потоа Раџон Рондо, човекот кој со Селтикси ја освои титулата во 2009 година постигна кош за победа.
Лејкерси имаа напад на 11 секунди пред крајот, Инграм промаши шут, поточно Хорофорд го блокираше, па топката стигна до Рондо кој поентираше за победа.
https://youtu.be/j12ssLXL_rQ
Леброн Џејмс беше најефикасен со трипл дабл (28 поени, 12 асистенци и 12 скокови), Кузма беше зад него (25 поени, две асистенции, пет скокови), додека херојот Рондо натпреварот го заврши со 17 поени, 10 асистенции и седум скокови. Во редовите на Бостон Ирвинг уфрли 24 поени.
НБА резултати
Ла Клиперси – Индијана 92:116
Орландо – Минесота 122:112
Атланта – Торонто 101:119
Бостон – ЛА Лејкерси 128:129
Оклахома – Мемфис 117:95
Портланд – Сан Антонио 127: 118