Дома Фудбал Роналд Куман завршил во болница

Роналд Куман завршил во болница

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта се уште не донел конечна одлука дали Роналд Куман ќе остане тренер на каталонскиот клуб и во наредната сезона.

Барселона зад себе нема баш најдобра сезона затоа што успеаа да го освојат само кралскиот куп, а јасно е дека апетите на овој клуб се многу поголеми од тоа. Каталонците од самиот финиш беа во трката за титулата во Шпанија, но со лошите резултати во последните натпревари од сезоната му дозволија на Атлетикко да „побегне“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред неколку дена Куман и Лапорта имаа состанок после кој се појавија информации дека Холанѓанецот останува на тренерската клупа, но јасно е дека таа одлука не е конечна. Лапорта му признал на Куман дека е во потрага по нов тренер, а доколку не го пронајде Куман ќе остане.

Новиот состанок се очекува за неколку недели и тогаш Куман ќе ја дознае конечната одлука на каталонскиот клуб.

Таквата ситуација изгледа на Куман му создавала голем притисок, па на крајот тој завршил во болница. Шпанските медиуми објавија дека Куман имал напад на анексиозност и дека морал во болница. Медиумите пишуваат дека сега тој се чувствува подобро и дека морал да се опушти од преголемиот стрес.

Треба да се потсети дека Куман пред една година имаше срцев напад поради што докторите беа загрижени за неговото здравје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…