Кристијано Роналдо вчера стигна до 200 настап за португалската репрезентација и одбележа еден јубилеј кој навистина изгледа неверојатно.
Ваквиот момент предизвика многу емоции и кај мајката на Роналдо. Роналдо доби посебно признание од Федерацијата за неговата долговечност, а камерите во тие моменти ја уловија реакцијата на неговата мајка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јубилејот Роналдо го зачини и со два гола во победата против Словачка од 3:2. Со овие два гола дојде до бројката од 857 голови во кариерата.
Португалецот нема намера да запре и посакува да дојде до бројката од 1.000 голови во кариерата, но свесен е дека ќе биде тешко.
„Ќе биде многу тешко да дојдам до 1000 голови, но тоа ќе зависи и од мојата физичка подготвеност и мојата мотивација. Ако нозете ме слушаат како што јас ги слушам нив, ќе видиме што ќе се случи. Сепак, за да размислувам за 1000 голови, прво треба да стигнам до 900, а тоа мислам дека ќе го остварам“, изјави Роналдо.