Дома Македонски спорт Мак фудбал Роналдо Штип го замени со Тетово

Роналдо Штип го замени со Тетово

Eкипата на Шкендија сака тим за борба за шампионската титула сезонава, па така сега претстави засилуваање во нападот.

Ново име во тетовскиот клуб е напаѓачот од Јамајка, Роналдо Вебстер. Станува збор за 22-годишен напаѓач кој во Шкендија доаѓа од редовите на штипска Брегалница каде што во првиот дел од сезоната имаше солидни настапи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Договорот на Вебстер со Брегалница беше до јуни 2025 година, меѓутоа Шкендија успеа да се договори со штипјани за откуп за одредена оштета која засега не е објавена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…