Дома Фудбал Италија Роналдо со последната награда во Италија испиша историја во европскиот фудбал

Роналдо со последната награда во Италија испиша историја во европскиот фудбал

Кристиано Роналдо во понеделникот не ја доби „Златната топка“ која заврши кај неговиот долгогодишен ривал во светскиот фудбал, Лионел Меси.

Сепак, Роналдо истата вечер освои награда и тоа за играч на годината во Италија. Со добивањето на оваа награда Роналдо стана првиот што освоил награда за најдобар фудбалер во Премиер лигата, Ла Лига и Серија А.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Претходно Роналдо како што е добро познато го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Во редовите на Јунајтед во сезоната 2006/2007 и 2007/2008 беше прогласуван за најдобар во Премиер лигата, додека во Ла Лига оваа награда ја освои во сезоната 2014/2015.

Со оваа награда Роналдо дефинитивно покажа дека може да игра во различни првенства на највисоко ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадри одлучи: Родриго може да замине, но ова е цената!

Бразилецот и крилен напаѓач Родриго е една од ѕвездите на тековниот трансфер период, но ос…