Италијанските медиуми пренесуваат дека Кристиано Роналдо не е задоволен од ситуацијата во Јувентус и сака да ја промени средината.
После доаѓањето на Алегри на кормилото на „старата дама“ цело лето се шпекулира со заминување на Роналдо.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Роналдо му рекол на неговиот агент Жорге Мендеш да му најде нов клуб, но проблем е што никој не е заинтересиран за Португалецот.
35-годишниот Роналдо заработува 31 милион евра по сезона, па во овој момент нема клуб, кој е спремен да му даде толкава плата.
Роналдо се поврзуваше со ПСЖ, но откако „светците“ го ангажираа Меси за него се затвори и вратата за Париз.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека единствена опција за Роналдо во моментов е Манчестер Сити, но многу поголема е веројатноста да остане уште една година во Јувентус.