Кристиано Роналдо е пред шокантен трансфер во Манчестер Сити и тоа претставува разочарување за фановите на Манчестер Јунајтед каде што има статус на вистинска легенда.
Претходно се огласи Вејн, Руни, а сега својот став го искажа популарниот водител Енди Голдшајн.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ќе ми го скрши срцето. Знам дека звучи екстремно, но ако потпише за Сити за мене повеќе нема да постои. Ќе биде избришан. Го слушав претходно како зборува за неговата поврзаност со Јунајтед и затоа мислев дека ќе се врати. Верувам дека Кантона не би направил ваков трансфер ниту по милион години“, изјави Голдштајн.
Во Јунајтед Роналдо се афирмираше како еден од најдобрите во Европа и направи трансфер во Реал Мадрид.