Дома Фудбал Италија Роналдо нема да биде во карантин во Торино затоа што отишол во Мадеира

Роналдо нема да биде во карантин во Торино затоа што отишол во Мадеира

Првата ѕвезда на Јувентус, Кристиано Роналдо нема да биде во карантин во Торино, но веројатно ќе има домашна изолација во неговата Мадеира каде што отпатува по дербито со Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо во овој момент не може да се врати во Италија, но бидејќи Јувентус ќе ги стави во изолација сите свои фудбалери откако Даниеле Ругани се покажа позитивен на тестот за кронавирус веројатно и Португалецот ќе помине 14 дена во изолација дома.

„Роналдо не тренираше и во овој момент е во Мадеира и чека понатамошен расплет за ситуацијата во Италија поради коронавирусот“, објавија од Јувентус.

Португалија како и многу други земји ги откажа сите летови кон Италија, па Роналдо засега сигурно останува дома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заборавена ѕвезда на Ливерпул по 834 дена го напушта клубот: Доаѓа крај на една тажна приказна!

Стефан Бајчетиќ е пред излезни врати од Ливерпул по период во кој неговата кариера на Енфи…