Дома Фудбал Останато Роналдо на брилјантен начин одговори на навредите од Мајкл Овен!

Роналдо на брилјантен начин одговори на навредите од Мајкл Овен!

Во чест на Кристиано Роналдо и освојувањето на „Златната топка“, Реал Мадрид ги повика некои од постарите легенди на клубот меѓу кои Луис Фиго, Мајкл Овен и Роналдо (Феномено).

Мајкл Овен потоа се пошегува на сметка на Феноменот и практично го нарече дебел

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мислев дека јас добивам вишок килограми, но тогаш го видов мојот стар пријател Роналдо“, напиша Овен на Твитер.

Социјалните мрежи не ја прифатија шегата баш најдобро и почнаа критики на сметка на Овен, па на крајот се уклучи и самиот Роналдо.

„Шокиран сум која важност во светот во кој живееме добива мојата тежина. Да бидам искрен, не знам зошто е тоа важно“, одговори Феноменот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Донарума како да бараше „жртва“ – сакаше да се тепа во Зеница (Видео)

Италија трет пат по ред нема да учествува на Светското првенство. Овој пат, на Мундијалот …