Карим Бензема заработи сериозна повреда на последниот тренинг на Франција и ќе го пропушти Мундијалот, а тоа е голем проблем и за Реал Мадрид.
Познато е дека Анчелоти нема адекватна замена за Бензема во тимот, па сега медиумите шпекулираат дека во Мадрид би можел да се врати Кристиано Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо е на излезни врати од Манчестер Јунајтед по неговото контроверзно интервју со Пирс Морган каде го нападна клубот и тренерот, па „црвените ѓаволи“ сакаат да го раскинат договорот.
Роналдо сака да ги искористи повредите на Карим Бензема за одново да го облече дресот на „кралевите“ и шест месеци да настапува на „Сантијаго Бернабеу“.
Португалецот му се понудил на својот поранешен клуб дека е спремен во јануари да се врати во Мадрид и да игра до крајот на сезоната.