Дома Фудбал Италија „Роналдо е незнајко, не ги почитува Италијанците“

„Роналдо е незнајко, не ги почитува Италијанците“

Некогашниот италијански фудбалер, Пасквале Бруно упати жестоки критики кон ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо.

58-годишниот Бруно, кој сега работи како спортски новинар, настапуваше за италијанската репрезентација на Олимписките игра 1988 година.

Тој смета дека Роналдо не ги почитува своите соиграчи од Јувентус, но и Италијанците бидејќи се уште не го научил јазикот.

„Роналдо е незнајко. Две години е во Италија и се уште не го научи нашиот јазик, се уште говори шпански. Тој со ова покажува дека не ги почитува ниту соиграчите, ниту Италијанците“, изјави Бруно. 

Роналдо во Јувантус дојде во летото 2018 година и е најплатен фудбалер на Апенините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флик даде „зелено светло“: Барселона носи играч кој никој не го очекуваше во дресот на овој клуб

Ханси Флик донесе одлука која ќе ги изненади сите навивачи на Барселона, a станува збор за…